Според медиумите во Швајцарија, постои разочарување од капитенот на фудбалската репрезентација, Гранит Џака, кој не е вакциниран и потоа го доби коронавирусот пред квалификациите за СП.
Селекторот на швајцарската репрезентација, Мурат Јакин, рече дека „и капетанот е човек, кого никој не може да го присили да се вакцинира“.
– Сметав на Гранит. Тој е наш капитен и тоа е негова одлука – рече селекторот во врска со одбивањето на Џака да се вакцинира.
Фудбалскиот сојуз објави дека препорачува да се вакцинираат сите играчи, судии, тренери, членови на управата на клубот.
Фактот дека Џака е единствениот репрезентативец кој не е вакциниран, а кој не ни прележал корона до сега, му беше познато на Фудбалскиот сојуз.
– Би било неодговорно доколку не знаеме кој е вакциниран, а кој не – нагласи портпаролот на Федерацијата, Адријан Арнолд.