Одбраната бара да се одбие обвиненито за „Пуч“

од desk3
118 прегледи

Zaev-Medarski
Поднесеното обвинение е како да ќе се суди за убиство, а не се знае кој е убиениот. Тоа е со многу нејаснотии, апсурди, пропусти, паушални тврдења без докази, тврди одбраната на обинетите за акцијата „Пуч“.

Според адвокатите освен што пишува дека се прислушкувани материјали кои треба да се дадат на странски служби, никаде нема која е таа служба и кој и како контактирал со неа. Во предметот пишува прислушкувани разговори, а никаде не пишува кои се тие разговори.

Според одбраната, барањата на Заев за техничка Влада и предвремени избори не е насилство врз Груевски, туку легитимно барање на лидер на опозицијата. Таа жестоко реагира и на примената на Пи-мерките за кои дозвола дал судија од Основен суд, а не од Врховен како што предвидува законот кога се работи за дело шпионажа и побара одвојување и некористење на овие докази, како и оние кои се појавија на Скајп, Јутјуб, а кои беа објавени во медиумите.

Излагањето на адвокатите, потоа и на обвинетите сè уште трае. Во судницата не е присутен само Зоран Заев.

 

Според адвокатот на Зоран Верушевски, Филип Медарски, не постојат ниту фактички докази за која странска служба или држава биле давани материјалите, ниту пак има докази дека некој насила сакал да нанесе удар врз државните органи, истакнаа адвокатите на Зоран Верушевски и на Зоран Заев на денешната јавна седница, на која треба да се одлучи дали случајот „Пуч“ ќе се врати во истражна постапка или ќе започне судски процес.

„Очигледно е дека во обвинителниот акт нема доказ за целосна постапка за ПИ мерки, а нема и наредба за такво нешто од Врховен суд. Дел од доказите кои се посочени во обвинението се јавно објавени од некои медиуми. Затоа бараме тие да бидат како доказ поништени“, изјави адвокатот Медарски.

Бранителот на Заев, Ване Андреев, истакна дека во изјавата на сега веќе осудениот Костовски во истиот случај, се вели дека тој не признава дека неовластено прислушувал, туку дека тие материјали тој ги копирал од системот на УБК, а кои веќе биле снимени.

Обвинителот Златко Пиковски побара Судот да отвори процес против сите обвинети, бидејќи Основното јавно обвинителство поседувало докази против нив.

Извор: Репортер