Одбраната на Александар бара да му се укине притворот, таткото на Вања тврди дека не ги знае убијците

од Nikola Popovski
358 прегледи

Таткото на малата Вања Ѓорчевска, 14-годишното девојче кое беше мачено и брутално убиено во близина на Скопје, денеска од затворот во Шутка бил донесен во Апелацискиот суд на јавна седница каде заедно со неговиот адвокат, побарал да му се определи домашен притвор или да му се одредат одредени мерки за претпазливост.

Одбраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, истакнала дека бара укинување на притворот поради фактот што до денес, како што велат, не им бил предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту ни е овозможен увид во предметот.

Според информациите, Александар Ѓорчевски на седницата изјавил дека не ги познава останатите осомничени за убиството.

За убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски осомничени се петмина. Четворица се под истрага за соизвршителство за две грабнувања и две убиства на суров начин. За петиот осомничен се прибираат докази дека им помогнал да го грабнат малолетното девојче.

Одлуката на Апелација ќе се чека до 5-ти март.

Постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски почна кон почетокот на декември минатата година. Тој беше уапсен на 5 декември во Беликесир во Турција, а сега во затворски притвор. Во наредниот период се очекува неговото доведување назад во земјава.

Слични содржини