Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата

од Берта Китинска
373 прегледи

Денеска во Апелацискиот суд во Скопје се одржа јавната седница за жалбите за пресудата за случајот „Рекет“ кои беа поднесени од поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Јанева која е во домашен притвор не присуствуваше на седницата поради здравствени причини, но дала писмена согласност седницата да се одржи во нејзино отсуство.

Според адвокатот на Јовановски, Сашко  Дуковски пресудата се базира само врз сведочење на Камчеви и на доказите кои тие ги дале односно снимките.

– Дали имаме фер постапка и дали може ваква пресуда да се заснова само на исказ на двајца сведоци Орце и Ана Камчева?, праша Дуковски.

Тој тврди дека целото незаконито водење на постапка и продолжувањето на притворот предизвикало сериозни здравствени последици врз Јовановски, за што ќе бидат доставени материјални докази.

За случајот „Рекет“ Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор.

Слични содржини