Димитар Дангов адвокатот на Миле Јанкиевски, на денешното рочиште во случајот „Насилство во Центар“ му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е неговиот клиент.
– Делото за кое е обвинет Миле Јанакиески не е кривично дело според Законот. Во обвинителниот акт нема ниту еден доказ за тоа дека тој сторил некакво кривично дело, обвинителството не докажа вина, изјави Дангов.
Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.