Откако вчера од Апелациониот суд на порашниот директор на Управата за државна безбедност (УБК),Сашо Мијалков му го укина притворот за случајот „Трезор“,по неколку часа, првостепениот суд му одреди нов притвор од триесет дена за случајот „Плацови на Водно“ каде е осуден.
Денеска неговта одбрна поднесе жалба и во изјава за медиумите објаснија дека се убдение дека Апелација ќе остане на својот став бидејќи по предлогот на јавниот обвинител, апсолвирани се прашањата за бегството, во врска со недостапноста и во врска со тоа дека поради тоа што Милјаков имал голем имот во Македонија и надвор од неа можел да се даде во бегство и да живее слободно во било која земја.
-Судот имотот кој што е влезен во гаранцијата која е запишана и правосилна, каде се обезбедуваат плати и придонеси на повеќе од 350 вработени и семејства, го цени како можност за бегство, а не како можност дека токму поради тој бизнис нема ниту намера да се даде во бегство“, рече адвокатот Петар Василев.
По одлуката на Кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје во врска со притворот на обвинетиот С.М. Судскиот совет преку соопштение сподели дека согласно членот 2 од Законот за Судски совет, Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт, додека според членот 11 од Законот за судовите судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз слободна оцена на доказите и дека се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект, соопштуваат оттаму.
Судскиот совет укажува дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите.
„Оттаму, врз основа на надлежностите, сите алатки кои Советот ги има на располагање во оваа фаза, а со оглед дека судскиот предмет е активен, остануваат интерни за Советот. За секоја следна постапка или евентуална одлука Судскиот совет навремено ќе ја извести јавноста“, се додава во соопштението.