По шест години притвори, куќни притвори, понижувачко однесување, Судот ги амнестира обвинетите. Уште од почетокот на процесот тврдевме дека се работи за политички монтиран, со цел да бидат ослободени од одговорност вистинските организатори на настаните, рече денеска адвокатот на екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски кој доби амнестија за случајот „Организатори за 27 април“.
Според Јордан Апостолски, настаните на „27 април“ навистина се тешко дело против државата, но и тогаш и сега го повикуваат јавниот обвинител, вистински да истражи кои се организаторите.
-Според нас и изведените докази, може да се утврди дека во тогашното време во тие настани, МВР не си ја извршуваше својата задача кое беше под влијание и под контрола на коалицијата СДСМ-ДУИ. Технички министер беше Оливер Спасовски. Не беше Гордана Јанкулоска. Заменик-министер за внатрешни работи беше од ДУИ. Треба да се испита односот на сите партии во тогашната Влада. МВР во тогашното време не си ја исполни задачата, Нашите обвинети немаат никаква вина и допирна точка, додадоа од одбраната на дел од обвинетите за судскиот случај.
За адвокатот Еленко Миланов, Законот за амнестија е дециден и вели дека „законот не важи за оние кои што постапувале како организатори по соседма друга правна квалификација од членот 324“.
-Ова не значи дека организатори, дали имало или немало, никој не разговараше во овој дел. Не можеше да има постапка. сите мои претходни изјави беа во насока дека во однос на делото на кои сум бранител, не можеше да биде на сила обвинителниот акт и да трае сите овие години, кажа Миланов во изјава за медиумите.