Денеска на второто рочиште на случајот „Империја“ се докажа дека Јавното обвинителство и обвинителката Лиле Стефанова и по втората група сведоци и изведување на доказен материјал не успеваа да докажат дека е сторена штета на државата на каков било начин од страна на нашиот клиент, велат преку соопштение од одбраната на Цветан Панделевски.
Според нив, ова е случај на „класичен пример на недозволена правна конструкција“.
„Како одбрана на Цветан Панделевски, сметаме дека е неосновано наводното обвинението за нашиот клиент за наводна измама што не може да се види и во диспозитивот каде нема противправно дејствие направено од страна на Панделески“, порачаа оттаму.
Упатија јавно прашање што е незаконски и како е оштетена државата за ЈО да го гони Панделевски.
„Од кога купувањето на акции е кривично дело во Македонија? Дали исплата на средства добиени со продажба на акции како дивиденда во Македонија е кривично дело (трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет), а не редовно финансиско работење. Обвинението за злоупотреба на службена положба исто така е неосновано, односно на кого е направена материјална штета според ЈО ? Обвинението за перење пари, најверојатно ниту ЈО не го разбира бидејќи во истото Панделевски не се ниту споменува!“, велат од одбраната