Одбраната на Ристовски: Исказите на Нинџа се како Џејм Бондовски сценарија

од Берта Китинска
1,6K прегледи

Адвокатот Гоце Ристевски, кој го застапува поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави од Александар Василевски-Нинџа не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ до исказ.

-Не можам да сфатам како има и други материјални докази кои го поткрепуваат исказот на овој сведок, ниту пак како може да се верува на Џејм Бондовски сценарија кои се далеку од фактичката состојба. ОЈО ГОК располага со неколку искази на овој сведок и како обвинителот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок, кажа Ристевски

Од обезбедените листинзи на телефонските броеви на сведокот Александар Василевски – Нинџа, адвокатот Гоце Ристевски, посочи дека воопшто не е забележено телефонска комуникација меѓу Нинџа и обвинетиот Спиро Ристовски, на 27 април 2017 година.

– Во првичниот исказ сведокот Нинџа, воопшто не го споменува Спиро Ристовски. Со ваквото обвинение јас сум свесен дека јавниот обвинител го проготал овој детал во сведочењето на овој дискретидивен сведок по сите основи, но сум убеден дека вие како право-раздаватели нема да дозволите да вакви циркузи да поминуват при утврдување на решителните факти, рече Ристовски.

Слични содржини