Одговор на санкциите кон Русија: Кинезите не пренесуваат натпревари од Премиер лигата

од Nikola Popovski
452 прегледи

Натпреварите од Премиер лигата овој викенд нема да се емитуваат во Кина, во знак на поддршка за Русија при воената интервенција во Украина, дознава Би-Би-Си.

Ваква одлука донела локалната телевизија, сопственик на правата на натпреварите од најсилното англиско натпреварување. Тие се како одговор на бројните санкции наметнати на Русија на сите нивоа, чиј близок сојузник е Кина.

Засега од Премиер лигата не одговорија на потегот на Кина. Водечките лица одбија да го коментираат целиот случај.

Да потсетиме, Премиер лигата претходно изрази целосна поддршка за Украина. Притоа капитените на сите тимови ќе носат ленти во боите на украинското знаме, а своевидна порака за поддршка се очекува и од видео бимовите на стадионите.

Слични содржини