Од Општина Капрош информираат дека во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциската служба на општината излегле на терен во врска со нелегалното градење на верскиот објект во населбата Злокуќани.
-Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, соопштија од општината.
Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците подолго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу.