Одговорот не беше насочен кон новинарот – Битиќи добро постапи, рече Ковачевски за „некоректното“ прашање

од Nikola Popovski
544 прегледи

Досега не се случило да не одговорам на некое новинарско прашање и на настан од јавен карактер да не бидат присутни сите медиуми. Кога зборуваме за слободата на медиумите и демократијата, тогаш најдобро е да зборуваме врз основа на факти. Ние во државата успеавме после 11 години недемократски режим, кои одредени медиуми го поддржуваа, да направиме голем исчекор во слобода на медиумите – тоа се потврдува со рангирањето на С. Македонија го има на листата на „Репортери без граници“, рече премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање „дали секое поставено прашање кон ДУИ е некоректно и дали ќе извини на Тв Алфа“.

Како што додаде, направени се многу измени на законите и се овозможи уште поголема слобода на медиумите.

-Поставеното прашање беше одговорено од моја страна и одговорот не беше насочен лично кон новинарот или било кој медиум, туку беше насочен кон темата што беше поставена. Постојат политички партии кои што темите на етничката припадност сакаат да ги издигнат на своја агенда и со тоа да предизвикуваат етнички тензии меѓу граѓаните, пропратени со ксенофобија и етнонационализам, рече премиерот.

-Сметам дека министерот Битиќи добро постапи и го поддржувам во тоа што го направи. Тој е Албанец и вицепремиер предложен од СДСМ. Тој е вицепремиер поради едно од подобрите CV во областа на економијата. Човек кој што работел на многу меѓународни проекти и меѓународни институции. Поставување на прашање дека било кој припадник на било која етничка заедница, дали може да се извршува одредена функција е некоректно, дециден беше Ковачевски.

Вчера на новинарско прашање упатено до Ковачевски во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори дали остануваат на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори и дали се спремни како влада ако не успеат изборите целата држава да биде во рацете на политичката партија ДУИ, вицепремиерот Битиќи го напушти пресот, а премиерот Ковачевски истакна дека прашањето било апсолутно некоректно.

Слични содржини