„Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи“: На српски туристи им се запали возилото кај Гевгелија

од Nikola Popovski
97 прегледи

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција. Пожарот од возилото ја зафатил и ниската вегетација покрај патот, поради што извесно време бил затворен дури и самиот граничен премин.

Владимир и Јелена во исповед на социјалните мрежи опишале како настанал пожарот. Според нив, автомобилот бил редовно сервисиран, а последен пат пред да заминат на одмор и во таа прилика се било исправно. Со себе имале и ПП апарат.

Несреќата, во која за среќа нема загинати, се случила ненадејно кај Гевгелија, откако го поминале ГП „Богородица“. Само благодарение на смиреноста и брзината на Владимир, работите биле извлечени од автомобилот, а избегнале и дополнителни оштетувања, барем кога се работи за работи, пари и документи.

„Возилото ми изгоре на автопатот кај Гевгелија за 2 минути. Неверојатно е некој да ми кажеше немаше да поверувам, но важно е што јас и мојата сопруга сме живи и здрави“, стои во описот на сликата на која се гледа запалениот автомобил.

Целата приказна за несреќата ја раскажале за „Никана.гр“ каде го опишале ужасот што ги снашол.

Како што велат, утре се враќаат во Белград. Пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчињски за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави.

„Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчињски. Се чувствуваме благодарни и имамте потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.

Слични содржини