Германската влада тргна по лизгав пат со толкувањето на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, комплицирајќи ја ситуацијата во врска со рускиот опозиционер Алексеј Навални, изјави постојаниот претседател на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Александар Шулгин.
– Нашите германски партнери тргнаа по многу лизгав пат со толкувањето на одредбите од хемиските конвенции во свој интерес – рече тој за РТ.
Според него, во понеделникот 56 земји-членки на ОПЦВ потпишале апел до Русија да ги обелодени околностите за наводната употреба на хемиско оружје против Навални.
Русија е подготвена за секој разговор за Навални ─ дури и пред Советот за безбедност на ОН.
– Ние самите би сакале да разбереме што се случи таму. Приказната е многу матна, со темни дамки – рече тој.
Шулгин истакна дека приказната е уште позбунувачка во светло на неодамна објавените одговори на Германија на 76-те прашања на пратениците во Бундестагот.
„Се гледа дека германската влада сакаше да избегне многу непријатни прашања. Постојано се појавуваат фрази дека „федералната влада не знае ништо за тоа“, „не е информирана“, „не знае“ “, додаде тој.