
Ryanair очекува цените на билетите да продолжат да се намалуваат, иако мината година падот не е толку голем, објави ВВС.
Во следните 12-те месеци, до март 2018 година, ирската компанија смета дека цените ќе се намалат за 5 до 7%, а делумно тоа ќе се должи на слабата фунта. Претходната финансиска година тие се намалија за 13%.
Ryanair најави рекордна нето добивка од 1.32 милијарди евра и тоа благодарение на зголемениот број патници. Компанијата сепак, предупреди дека Брегзит и стравот од терористички напади остануваат предизвици.
Цената на акциите на компанијата, која се намалија за 1,5%, на 17.75 евра на почетокот на трговијата во Лондон, оваа година се зголемија за една петтина.
Ryanair која врши 1800 летови на ден во 33 земји, дава пониски цени на билетите во однос на тековната конкуренција меѓу европските авиопревозници и споредена со слабата фунта по гласањето за брекзит.
По јуни минатата година, фунтата загуби околу 16% од својата вредност во однос на доларот, што значи дека билетите се продаваат од авиокомпанијата во фунти, а чинат помалку во евра – валутаа во која таа ги објавува резултатите. Во исто време, бројот на патниците е зголемен за 13% во годината, која е до крајот на март 2017 година
Во европските градови, компанијата соопшти дека преживеала редица “настани поврзани со безбедноста”, кои исто така ја натерале да ги намали цените. Профитот од 1.32 милијарди евра во 2017 година е во долниот крај на прогнозите за добивка меѓу 1,3 и 1,35 милијарди евра, но сепак ги исполнува очекувањата.
Приходите пораснаа за 2% – од 6.54 милијарди еввра на 6.65 милијарди евра. Иако лета по најниски цени, Ryanair соопшти дека бројот на полетувања навреме е намален од 90 на 88% поради недостиг на авиодиспечери и штрајковите, како и поради лошото време.
“Само во март серија од неоправдани штрајкови беа причина за откажување на речиси 560 летови на Ryanair и загубата изнесуваше над 100 000 клиентски резервации”, информира компанијата.
Ryanair, која го бранеше останувањето на Велика Британија во ЕУ, и смета дека “тешкиот брегзит”, на Велика Британија која може да ја напушти Унијата без трговски договор, е значителен ризик кој може да ги наруши нејзините летови.
Поради тоа, компанијата ќе продолжи да го прошири капацитетот на други места во Европа, за да ги капитализира “бројните можности за раст” надвор од Велика Британија. Иако сегашните предизвици Ryanair ги прогнозира “претпазливо” раст од 8% во 2018 година