Одлична можност за незаслужена политичка пензија, рече Мицкоски околу евентуалната претседателска кандидатура на Ахмети

од Nikola Popovski
303 прегледи

Не би ги коментирал случувањата во другите политички партии. Слушнав за таа можност. Го охрабрувам господинот Ахмети да се вклучи во една таква трка, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу најавите дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети може да се кандидира за шеф на државата.

Мицкоски го советува Ахмети „таквите информации да не ги објавуваат портали кои што ги плаќа кабинетот на неговиот најблизок соработник“.

-Ценам дека треба сам да ја објави кандидатурата. Нема потреба да се крие позади такви спинови. Ак оцени дека ќе постигне резултат кој што ќе биде значаен, зошто тогаш да се крие позади нарачани текстови кои што ги финансира неговиот соработник, со народни пари. Мојата порака е дека ова е одлична можност за незаслужена политичка пензија, кажа Мицкоски од Охрид.

Откако во јавноста се појавија неофицијални информации дека Ахмети е можен претседателски кандидат на партијата, во објава на социјалните мрежи вицепремиерот Артан Груби со поддршка за Ахмети.

„Само Али Ахмети”, пишува Груби на фотографијата каде е лидерот на ДУИ.

Слични содржини