Одлично отворање на SNL: Алек Болдвин како Трамп и Џим Кери како Бајден (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
509 прегледи

На отворањето на својата 46-та сезона, популарното американско хумористично шоу „Saturday Night Live“ (SNL) влезе во политичките води со пародија на првата претседателска дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот ривал Џо Бајден.

Серијата на телевизијата Ен-Би-Си синоќа се врати во студиото по пауза поради пандемија на коронавирус.

Алек Болдвин се врати во улогата на Трамп пред објавата дека претседателот е заразен со Ковид-19, додека комичарот Џим Кери за прв пат го играше Бајден.

Во скечот, Болдвин (Трамп) ја водеше дебатата исто како што беше реално во вторникот, обидувајќи се да го збуни Кери (Бајден) прекинувајќи го и навредувајќи го. Кери, пак, се обиде да го потисне својот гнев дишејќи во хартиена кеса и мрморејќи во себе.

Маја Рудолф се појави како сенаторката Камала Харис, пред Бајден да го извади далечинскиот управувач за да го стави Трамп на пауза.

„Да уживаме во состоба без Трамп“, рече Кери.

Слични содржини