Главниот претрес во случајот против претседателот на РС, Милорад Додик, денеска беше одложен во Судот на Босна и Херцеговина. Ново рочиште е закажано за 10 јануари.
Одбраната на Додик побара изземање на обвинителите Недимо Ќосиќ, Гордан Босиљчиќ, Нивес Каневчев и Билјана Голијанин, бидејќи се сомневаат во нивниот непристрасен пристап.
Претресот бил одложен бидејќи обвинителите не биле подготвени за воведни зборови.
Да потсетиме, главната расправа требаше да се одржи во Судот на Босна и Херцеговина на судењето на претседателот на РС, Милорад Додик, и директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, поради неспроведување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.
Во обвинението, меѓу другото, се наведува дека Додик и Лукиќ кривичното дело го сториле во периодот од први до 9 јули свесно, иако знаеле дека високиот претставник донел одлука за укинување на Законот за неизвршување на решенијата на Уставниот суд на БиХ, кој беше усвоен од НСРС.