Одложен натпреварот на Хјустон: Харден се забавувал во стриптиз клуб, соиграчите отишле на фризер (видео)

од Nikola Popovski
327 прегледи

Проблеми на самиот старт на НБА лигата. Натпреварот помеѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер беше одложен затоа што домашниот тим го немаше на располагање потребниот број играчи за да излезе на теренот.

Тројца играчи на Хјустон беа тестирани за позитивни во средата, па остатокот од тимот мораше да направи дополнително тестирање. Покрај тројцата заразени, четворица се во карантин, а најголемата starвезда на тимот Џејмс Харден е под истрага поради потенцијално кршење на здравствените и безбедносните протоколи.

Џејмс Харден наместо да седи дома и да се држи до протоколите, излезе снимка, дека бил во стриптиз бар, во кој е без маска, како и останатите на истата забава.

Но, тука не застануваат изненадувачките информации. За одложување на мечот не е виновен Харден, туку неговите соиграчи Џон Вол, ДеМаркус Казинс и Кенион Мартин, кои заеднички отишле на фризер, па се најдоа на списокот на сомнителни кошаркари.

 

Слични содржини