Одложена е планираната западнобалканска турнеја на американскиот потсекретар Дерек Шоле

од Radmila Tasevska

Потсекретарот на американското Министерство за одбрана Дерек Шоле ги одложи планираните посети на Косово, Босна и Херцеговина и Србија, пишува КосоваПрес, повикувајќи се на Беким Купина, советник на косовската претседателка Вјоса Османи.

„Нема откажување на посетата, но бевме информирани дека има одложување на датумите за целата балканска турнеја (која ги опфаќа Косово, Босна и Херцеговина и Србија) од објективни причини поврзани со еден од членовите на делегацијата,“, објасни Купина.

Косовските медиуми претходно овој месец објавија дека Шоле, заедно со американскиот сенатор Крис Марфи и неколку членови на Комитетот за национална безбедност на американскиот Сенат, се очекува да го посетат Косово на 30 и 31 јули.

Слични содржини