Одложена работна посета на Османи во Босна и Херцеговина

од Берта Китинска
389 прегледи

Министерството за надворешни работи на БиХ соопшти дека е одложена посетата на делегација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија предводена од министерот Бујар Османи на Босна и Херцеговина, пишува Дневни аваз.

Посетата, закажана за денес, мораше да биде одложена поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на делегација од Република Северна Македонија во БиХ.

Османи денеска требаше да престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, како дел од неговата турнеја на регионот.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, освен со својот домаќин, заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, Османи требаше да биде примен во претседaтелството на Босна и Херцеговина, каде што ќе се сретнеше  со членот на претседателството Шефик Џаферовиќ и со претседавачите на двата дома на парламентот на Босна и Херцеговина.

Слични содржини