Апелациониот суд Скопје ја информира јавноста дека јавната седница за предметот заведен под број КЖ-232/23 , со работен наслов „Талир 2“, се одложи на барање на одбраната на обвинетите Н.Г. и К.Б., двајцата од С., а поради ангажираност на бранителите во други кривични предмети, како што беше наведено во писмениот подесок од 26.06.2023 година.
Јавната раправа е презакажана за 29.09.2023 година со почеток во 9.30 часот.
Во „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Обвинети се дека злоупотребувајќи ја службената положба, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. Според пресудата од 8 јуни минатата година, седиштето на партијата, треба да биде конфискувано.
Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.