Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром

од Vladimir Zorba
11 прегледи

На Меѓународниот аеродром во Скопје одложени се неколку летови поради маглата што ја зафати скопската котлина во изминатото деноноќие.

Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од Истанбул, Дортмунд и Ајндховен.

Како што е објавено на веб страницата, одложено е и полетувањето кон Фридрихсхафен и кон Истанбул.

Синоќа беше откажан летот од Истанбул, додека летот од Цирих беше пренасочен.

Вчера попладне, пак, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.

На патниците им се препорачува да ги следат официјалните канали на Скопскиот аеродром и бидат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации за летовите.

Слични содржини