Одложено рочиштето за „Плацевите на Водно“: Еден од обвинетите позитивен на Ковид-19

од Берта Китинска
283 прегледи

Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, која требаше да се одржи денеска, се одлага по известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на ковид-19 вирусот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје“.

Согласно протоколите за заштита од ковид-19, главната расправа ќе се одложи со цел да помине периодот за изолација, a судењето ќе продолжи на 2 декември во 10.00 часот, за што странките во постапката се веќе известени, наведуваат од Судот.

Во случајот познат како „Плацеви на Водно“, покрај екс премиерот Никола Груевски и Ристо  Новачевски, Обвинителството ги сомничи и поранешниот шеф на македонското разузнавање, Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

Слични содржини