Одложено рочиштето за „Рекет 2“, Гавриловска бара доказ за здравствената состојба на Бојан Јовановски

458 прегледи

Судењето за случајот „Рекет 2“, врзан за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз” е одложено за 25. ноември.

Инаку во овој случај, освен Бојан Јовановски, како првообвинет, се теретат уште четири лица, а на денешното рочиште беа изведени материјалните докази.

Денешното рочиште заврши, откако судијката Софче Гавриловска побара да биде доставена медицинска документација за здравствената состојба на Бојан Јовановски. Имено, тој на денешото рочиште се пожалил на здравствени проблеми поради кои, како што вели во следниот месец мора да конзумира терапија и да биде во легната позиција, поради што нема да биде во можност да го следи изведувањето на доказите.

Инаку, првообвинетиот Бојан Јовановски, на почетокот, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот, по што рочиштето продолжи со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството.

Слични содржини