Одложено судењето на Рашковски, нема обвинител

од Nikola Popovski
210 прегледи

Судењето за случајот „Софтвери” против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер се одложува за 14 март поради отсуство на јавниот обвинител.

На обвинителката Ивана Трајчева која го водеше овој предмет, како и на четворица нејзини колеги од ова обвинителство, им истече мандатот, а обвинителот кој требало денеска да биде присутен е на службен пат во Грција.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

Слични содржини