Одложено судењето за 27. април – Кацарска наиде на полупразна сала

од desk2
92 прегледи

Добрила Кацарска го одложи денеска судењето за настаните од 27. април бидејќи дел од обвинетите кои побарале амнестија не добиле правосилни решенија, јави А1.он.

Судскиот процес се наоѓа во завршна фаза и треба да продолжи со изнесување на завршни зборови. На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Следното рочиште е на 21 јануари./A1On