Одложено судењето против кратовчанката која во самоодбрана ги уби сопругот и свекорот

од Nikola Popovski
62 прегледи

Во основниот суд Куманово поради службен пат на обвинителот, денеска беше одложено судењето против 36-годишната Вангелица Илијевска, која во јуни годинава ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово.

Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. На денешното рочиште требаше да бидат разгледани доказите, материјално технички и да се сослушуваат вештите лица од психијатрија и ДНК анализа на предлог на обвинителството. По изведување на доказите на Обвинителството, одбраната најави дека ќе започне со презентирање на својата теза со материјални и технички докази и распит на свои технички советници и вешти лица.

На првото рочиште обвинетата кажа дека дејствувала во нужна одбрана. Јавниот обвинител во воведниот говор кажа на 13 јуни годинава Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан.

Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица.

Слични содржини