Одложено судењето против Верушевски за пиштолите

од desk3
118 прегледи

Kривичниот суд денеска го одложи судењето против поранешниот директорот на УБК Зоран Верушевски.Прилина беше тоа што неговиот адвокатски тим не се појави во судницата. Верушевски се терети заради недозволено поседување на оружје.

Zoran-Verushevski2

Обвинението за овој случај е покренато кон крајот на март, кога според МВР, при претрес во домот на Верушевски биле пронајдени два пиштола за кои, како што тврдат, не поседувал дозвола.

Стартот на судењето се презакажа за 4 Јуни.