Одложено судењето за даночно затајување во кое е обвинет и Исмет Гури

од Nikola Popovski
26 прегледи

Судењето за даночно затајување во кое е обвинет и функционерот на ДУИ, Исмет Гури се одложи за 4 – ти октомври, откако на денешното рочиште не се појави еден од обвинетите.

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури, кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје на 29 август самиот се пријави во полиција и денеска за прв пат седна на обвинителната клупа.

Гури беше уапсен во јули минатата година заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама. Гури бил вплеткан во шема со даночна измама и правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки од 840.000 евра, а со парите купил и деловен простор, според Обвинителството.

Игор Блажев, Филип Блажев, Зоран Трајановски, Пала Тасева, Дона Дамјановска Марковиќ, Илија Васков, Дани Несторовски, Јагода Митева, Бесник Адеми, Фитим Сулејмани, Фарух Гури и правните лица ПЗУ Ринолист и ДПТУ Ексклузив Камен се исто обвинети во случајот.

Денешното рочиште се одложи поради отсуство на обвинетиот Дани Несторовски.

Слични содржини