Одложено судењето за двојното убиство на Вања и Панче

од Nikola Popovski
32 прегледи

Се одложи судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Обвинетите се појавија во Кривичниот суд, по што судењето се одложи за 20. септември во 10 часот. Надлежниот судија го прифати барањето на Обвинителството за спојување на предметите и го одреди датумот за ново судење.

Обвинителството најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на Ѓорчевска и Жежовски.

Кривичниот суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството денес ќе одлучува за спојување во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело, против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27-ми и 24-ти ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3-ти декември минатата година.

Слични содржини