Претседателот на Анкетната комисија за преслушување, Петре Шилегов го одложи сослушувањето на министерот за финансии Зоран Ставревски поради не присутноста на јавноста.

download12

Шилегов посочи дека ја прекинал седницата затоа што, како што кажа, ВМРО-ДПМНЕ ја претворило во фарса.

„Таа постои за граѓаните да видат и да чујат кој и за што носи политичка одговорност, да ги чујат аргументите, прашањата и одговорите. Анкетната комисија не постои за власта да се крие зад затворени врати, од граѓаните, новинарите и од јавноста. ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека ќе продолжи да бега и да се крие. Ние од опозицијата одлучивме тоа да не го дозволиме“, изјави Шилегов, дополнувајќи дека нема повеќе да одржува седници затворени за јавноста.

Сослушувањето на Ставрески, рече Шилегов, се одложува се додека министерот не се предомисли и не дозволи присуство на медиумите за време на неговото сведочење.

 

Слични содржини