Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е подготвен за новата сезона во која сака да го собори историскиот рекорд. Последниот потег покажува колку е сериозен во врска со тоа.
Српскиот ас одработил серија тренинзи во Белград, а сега според неофицијални информации заминал за Австралија.
Откако одработи серија тренинзи во центарот Гемакс, тој одлучил малку порано да замине во Бризбејн, каде од 29 декември до 5 јануари ќе се натпреварува на турнирот од серијата 250.
Се наведува дека обично доаѓал на турнирите четири-пет дена порано, но сега решил да го направи тоа малку порано поради големата временска разлика.
Тоа е голема и важна одлука бидејќи покажува дека тенисот на Ѓоковиќ сега е негов апсолутен фокус, па решил да жртвува неколку дополнителни денови со семејството.
Српскиот тенисер во Бризбејн ќе остане без помошта на Енди Марио, кој подоцна ќе му се придружи на Австралија опен.
Ѓоковиќ ќе настапи во Бризбејн за прв пат по 2009 година, а интересно е тогаш беше поразен во првото коло од Ернест Гулбис.