Одлука на Кривичниот суд: Ќе се врши реконструкција на убиството на младиот Ангел Петковски

од Nikola Popovski
249 прегледи

Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот случај во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска, посочи дека оваа одлука е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен.

Настанот што од кражба на велосипед се претвори во бркотница, заврши со смрт со вознемирувачка снимка од последните мигови од животот на матурантот. Убиството на матурантот Ангел Петковски е подзаборавен, но многу трагичен настан за кој ќе се прави реконструкција која во напатствијата ја даде Врховниот суд откако ја укина пресуда за овој предмет.

Судењето против обвинетитот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РСМ е вратен на потворно одлучување Претходно обвинетитиот Ештрефи, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, која истата беше потврдена од скопската апелација.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Судењето за случајот со убиството на Ангел почна на 22 јануари 2015, беа испитани голем број сведоци и беа презентирани голем број докази, но ножот со кој е сторено убиството не е најден, иако според обвинителството теренот веднаш по трагичниот настан бил детално пребаран.

Обвинетиот тврдеше дека ножот веднаш по убиството го фрлил на самото место на настанот. Постапката за овој предмет ја водеше судијата Илија Трпков. Кога во јуни 2015 тој ја изрекуваше пресудата, појасни дека како совет внимателно ги ценеле доказите на двете страни, и на Обвинителството и на одбраната.

Во конкретниот случај реконструкцијата како процесно дејствие, предложена од страна на одбраната, а со цел да се утврдат правно релевантни факти во однос на вината и степенот на кривичната одговорност на осудениот, може да влијае на исходот на оваа постапка.

Врховниот суд смета дека првостепениот суд не дал релевантни причини за одбивањето на предлогот на одбраната за реконструкција на настанот

Слични содржини