Одлуката за замрзнување на цената на лебот ги штити граѓаните, порача Николовски

од Nikola Popovski
131 прегледи

Ние сме како држава прогласени од Светска банка како земја која што издвои најголем процент од БДП во делот на антикризни мерки за граѓаните за да има пониски цени и за компаниите за да ги задржат работните места. Министерствата ги следат ефектите. Моите изјави во последниот период беа константни дека граѓаните очекуваат да имаат поевтини прехранбени производи, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски за замрзнувањето на цената на лебот и празните рафтови по маркетите.

Според него, граѓаните очекуваат резултат од државната поддршка што ја добија компаниите преку субвенционираната струја.

-Одлуката ги штити граѓаните. Не може едни мерки да се носат за да некои се богати, а други да се осиромашуваат. Владата е на граѓаните и за граѓаните. Затоа одлуката за замрзнување на цената на лебот е на база на сите информации. ДПИ ги направил сите пресметки и контроли и граѓаните мораат да се заштитат, кажа Николовски како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини