Одлуките за обвинетите од СЈО од понеделник

од Vladimir Zorba
155 прегледи

  Дел од одлуките по жалбите на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната на обвинетите во предметите на СЈО се донесени, велат од Апелациониот суд. Тие се пишуваат и треба да бидат потпишани од Кривичниот совет, но од таму не откриваат за кои предмети одлучиле ниту дали се прифатени жалбите и дали има промена на решенијата на Кривичниот совет, пренесе Tv24  .

 
Дури и Апелација да ги достави во текот на денов до Кривичниот суд, одлуките најверојатно јавно ќе бидат објавени во понеделник.
До сега на јавна седница беа презентирани жалбите за случајот „Траекторија“, односно на обвинетите поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие бараат Апелација да им ги врати пасошите, а СЈО бара притвор за Пешевски и Георгиевски да остане без патната исправа.
Да им бидат вратени пасошите побараа и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски обвинет во предметот „Триста“ и новинарите Драѓан Павловиќ Латас и Ивона Талеска, обвинети за даночно затајување во предметите „Торал“ односно „Тифани“. И за нив СЈО и понатаму инсистира на првичните барања – притвор за Поповски и за Павловиќ и мерките на претпазливост за Талеска.
Се уште се очекува да бидат разгледани жалбите за предметите „Тврдина – Таргет“ во кои обвинети се поранешниот директот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски за кои СЈО бараше притвор, но Кривичен им ги одзеде пасошите. СЈО веќе најави дека жалбата за Грујевски ќе биде разгледана на јавна седница.
СЈО ги обжали и одлуките на Кривичниот совет за обвинетите во предметот „Титаник“, односно за поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Катица Јанева бараше притвор, но наместо тоа врвот на ВМРО-ДПМНЕ остана без пасошите.   /Tv24