ОДМАЗДА: Навивачи на Легија претепаа четворица Хрвати

од Stefanija Kuzmanovska

Мечот помеѓу Динамо и Легија имаше крвава предигра. Во тепачка во загрепската населба Дубрава, полските навивачи го извлекоа подебелиот крај. Сепак, поддржувачите на Легија подготвуваат одмазда. Всушност, тие веќе почнаа да се одмаздуваат.

Дел од полските медиуми објавија дека група од триесетина поддржувачи на полскиот шампион нападнале четворица навивачи на Динамо на главниот плоштад во Варшава. Информацијата засега е непотврдена и не е познато дали навистина станува збор за „бед блу момчиња“ или луѓе од хрватска националност кои живеат во главниот град на Полска.

Големи судири се очекуваат денес, на денот на натпреварот. Најавено е доаѓање на околу 200 навивачи на загрепскиот клуб, а има огромен интерес за натпреварот. Веќе се продадени 27.000 билети.

Првиот натпревар на Максимир заврши без победник (1:1). Подобриот од дуелот помеѓу Легија и Динамо ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Црвена Звезда и Шериф во последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Слични содржини