Неколку згради во Москва се оштетени во утринскиот напад со дронови, изјави во вторникот градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на својот канал на Телеграм, пренесува ТАСС.
Дронови погодија неколку згради во Москва, предизвикувајќи „мали“ штети и без сериозни повреди, изјави рано во вторникот градоначалникот на руската престолнина.
Russian media report a drone attack on Moscow and Moscow region – at least ten drones were sighted, according to them.
Russian police announced a "Taifun" plan to deal with the situation. pic.twitter.com/dLxQs4mR4j
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 30, 2023
„Утринава како резултат на напад со дронови има мали оштетувања на неколку згради. Сите служби за итни случаи на градот се на терен“, наведе Собјанин во соопштението.
Руската државна новинска агенција РИА објави дека жителите на зградата на улицата „Профсојжнаја“ во Москва, на југот на градот, се евакуирани. Како што се наведува, евакуирани се жители на неколку влезови. По завршувањето на работата на специјалните служби, тие ќе можат да се вратат во своите станови.
Kamikaze drones attacked moscow. This is revenge for Kyiv.
Glory to Ukraine 🇺🇦 pic.twitter.com/RqIgqm2UIQ— Big Boss fella 🇬🇧🇺🇲🇺🇦🇪🇺🇯🇵 (@fdd_th) May 30, 2023
Градоначалникот нагласи дека при инцидентот нема потешко повредени, а итните служби ги истражуваат околностите на инцидентот. Неколку руски канали за пораки објавија дека четири до 10 дронови ја нападнале Москва, пренесува „Ројтерс“.
Руските медиуми засега не кажуваат од каде полетале дроновите и кој е одговорен за нападот.