Група рокери и фудбалски хулигани и незадоволници преку “Фејсбук” се договориле да извршат одмазда и “лов на луѓе”

Неколку напади врз имигранти се извршени во неделата во Келн, информира Deutsche Welle. Полицијата објави дека група од дваесет лица нападнале шестмина Пакистанци, како резултат на што двајца од нив биле однесени во болница со повреди
.Канцеларката Ангела Меркел одлучила да ја откажа посетата на Светскиот економски форум во Давос во врска со зголемените тензии во Келн. Ова го јави The Financial Times, кој се повикува на анонимни извори, цитиран од RT.
Подоцна, по информации на агенција DPA, петмина непознати извршиле уште една напад против 39-годишен сириски државјанин. Мажот бил полесно повреден. Не е познато дали двата настана имаат и заеднички нарачатели. Колнскиот весник Express, додава дека група рокери, фудбалски хулигани преку “Фејсбук” се договориле да извршат “лов за луѓе” во центарот на Келн. Претставник на полицијата во ноќта на понеделникот, 11 јануари, одби да ја потврди таа пораката, велејќи дека истрагата ќе утврди дали овие злосторства се извршени од ксенофобични и одмазнички побуди.