Последниот филм од серијалот „Одмаздници“ за само 12 дена од прикажувањето заработи над две
милијарди долари во светски рамки. Ова е втората најбрза таква заработка по „Аватар“

„Одмаздници: Завршница“ е петтиот филм во историјата што ја надмина границата од две
милијарди долари заработка, поточно 2,188 милијарди. Познавачите прогнозираат и дека може да
го симне „Аватар“ и неговите рекордни 2,78 милијарди од престолот, што сега се чини прилично
достижно.
Само во САД, филмот заработил 619 милиони, а во остатокот од светот – 1,57 милијарди долари.