“Одметнатиот” Андоновски: УБК максимално будно ги следи протестите

од desk3
1,2K прегледи

Мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите (на граѓанската иницијатива „Протестирам“, против одлуката на претседателот Иванов за аболиција, н.з.) се вклучени или дека се оркестрирани од странски државјани, вели во интервју за порталот „Прес 24“, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски.

Ljupco-Andonovski-860x680

На прашањето како УБК ги анализира протестите, Андоновски вели дека тајната полиција нив ги следи од „аспект на нивна можна злоупотреба од поединци или групи, поддржувачи на радикални екстремистички идеологии, насочени кон сериозно нарушување на безбедноста преку извршување разни форми на насилство, меѓу кои и терористички акти“.

„Не е првпат државата да се соочува со нарушувања на јавниот ред од ваков обем. Сите паметиме што се случуваше минатиот мај. На 5 мај имавме масовни насилни протести пред Владата, кога беа повредени околу 40 полициски службеници. Тоа во голема мера влијаеше на заслабување на полициските капацитети за справување со многу посериозниот предизвик по безбедноста на државата, односно заканата од уфрлање на криминално-терористички групи. Затоа мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите се вклучени или дека протестите ги оркестрираат странски државјани“, вели Андоновски.

Мерцедеси за криминалците кои уништија цела држава, лисици за тие кои се побунија

Во врска со случувањата во МВР, по одлуката на Владата да ги поништи решенијата донесени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, шефот на тајната полиција вели дека „како функционер именуван од Владата“ е должен да ги спроведува нејзините одлуки и дека секое нивно непочитување е кривично дело.

Пред 4 дена министерот Оливер Спасосвски изјави дека тој бил оневозможен од страна на Владата да раководи со сите ингерeнции во МВР во овие исклучително тешки моменти во државата.

– Според информациите кои ги имам државниот секретар во МВР ја презема улогата да раководи со МВР. Тоа законски не е можно, а со тоа се создава безвластие и компелетн хаос. Јас сум министер за внатрешни работи, побарав да ми биде прифатена оставката, но тоа не се случи. Законот кажува дека се уште сум министер за внатрешни работи и затоа не прифаќам никакви палијативни решенија и комбинации на заедничко раководење со МВР на ваков начин како што се презема. Со тоа не можам да ја преземам ниту одговорноста за состојбите кои се случуваат во вакви чувствителни моменти, појасни Спасовски.

Последните два дена директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски и државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска надвор од законските надлежности, посочи Спасовски, издаваат усни наредби на потчинетите за одземање на канцелариите, сменување брави, исклучување на картици на дел од вработените чии решенија Владата ги поништи.

 

МЕТА

Слични содржини