19
Дури 27% од населението на ЕУ постаро од 16 години во 2024 година не можеле да си дозволат една седмица годишен одмор надвор од својот дома, објави Еуростат – Европското статистичко биро.
Тие 27% на ниво на целата ЕУ се сепак пониски за 1,5% во однос на 2023 година, а дури за 10,5% помалку отколку во 2014 година.
Најголем дел од луѓето што не може да си дозволат најмалку една седмица годишен одмор е забележан во Романија: 56,6%, во Грција: 46% и во Бугарија: 41,4%.
Бројките се најниски во Луксембург: 8,95, во Шведска: 11,6% и во Холандија: 13%. Во Словенија бројката на жители што не може да си дозволат најмалку една седмица годишен одмор е 14,4%.