ОДОБРЕН кинески „Синофарм“: Србија официјално има ТРИ ВАКЦИНИ

од Vladimir Zorba

Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) издаде решение за 100.000 парчиња вакцина од Кина, која ги поминала сите потребни тестови, дознава „Блиц“.

Квалитетот на кинеската вакцина е потврден и може да се дава на граѓаните, пренесува белградскиот весник.

Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) претходно изјави дека Агенцијата за лекови е при крај на постапката за сертифицирање на кинеската вакцина „Синофарм“ и дека „часови се во прашање“.

Тој исто така рече дека истовремено се завршуваат процедурите за нови количини и нови серии вакцините „Фајзер“ и „Спутник V“.

„Едноставно, тогаш го забележавме. При крај сме на постапката за „Синофарм“, но паралелно завршуваат процедурите за другите вакцини“, рече Зелиќ за ТВ Прва.

„Брзаме да ја завршиме работата што е можно побрзо, но се обидуваме да почитуваме три клучни параметри – квалитет, ефикасност и безбедност“, рече тој.

loading...

Слични содржини