Одобрена е нова стратешка инвестиција за соларен парк до 300 мегавати вреден 270 милиони евра

од Nikola Popovski
298 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.

Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови.