Одобрени 50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа за поддршка на македонското стопанство

од Nikola Popovski
238 прегледи

Административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), на седницата одржана на 16-ти и 17-ти ноември 2023 година, донесе одлука за одобрување на Програмски заем во износ од 50 милиони евра за Развојна банка на Северна Македонија, соопштија денеска од Банката.

Овој заем ќе придонесе за поттикнување на отворањето на нови работни места и инвестирање во основни и обртни средства на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Република Северна Македонија.

-Заемот ќе се реализира преку деловните банки, и ќе овозможи полесен пристап до финансии под исклучително поволни услови за ММСП, унапредување на нивната конкурентска предност и зајакнување на нивната позиција во создавањето и одржувањето на работните места, стои во соопштението.

Слични содржини