Одобрени дополнителни 100 милиони денари за лекот „трикафта“

од Nikola Popovski
236 прегледи

Министерството за здравство информира дека се одобрени дополнителни 100 милиони денари за обезбедување на лекот „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“ на дополнителни пациенти со цистична фиброза.

Универзитетската клиника за детски болести доби согласност од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки да спроведе итна постапка со директни преговори со овластениот дистрибутер на Вертекс.

Од детската клиника којашто треба да го набави лекот потенцираат дека на 21 ноември е потпишан договорот помеѓу директорите на Клиниката и Алкалоид Конс, а целата количина на лекот се очекува да биде испорачана во првата половина на декември оваа година.

-Со 102 тераписки режими ќе бидат покриени досегашните 12 пациенти кои веќе го примаат лекот за уште два месеци (до април 2024), но лек ќе има и за дополнителни пациенти што ги исполнуваат критериумите за „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“, велат од Клиниката.

Слични содржини