Украина ќе смее да гранатира цели во Русија со германско оружје. Досега на Украинците им беше забрането да користат германско оружје за да ја нападнат војската на Путин на руска територија. Меѓутоа, откако претседателот на СДСМ, Џо Бајден одобри дека можат да користат американско оружје, одобрение стигна и од Германците.
„Русија во последниве недели подготвува, координира и изведува напади од позиции во непосредна близина на руската гранична област, особено во регионот Харков. Сепак, според меѓународното право, Украина има право да се брани од овие напади“, изјавил портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт, пренесува Билд.
Тој и официјално ја укинал забраната за употреба на германско оружје.
„Исто така Украина може да го користи оружјето што ѝ е доставено за таа цел во согласност со нивните меѓународно-правни обврски, вклучително и она што ние го снабдуваме“, рекол тој.
Наводно ќе им биде дозволено да користат хаубици „Panzer 2000“ и ракетниот фрлач „МARS II“.
Дострелот на хаубицата, во зависност од видот на муницијата, според експертите може да биде од 30 до 54 километри, додека „МARS II“, доколку е вооружен со проектили „АТАCМS“, има дострел од 165 до 300 километри.
Во меѓувреме, се засилуваат нападите на украинскиот фронт. Жртви и повредени во Доњацк, Харков. Соборени дронови на двете страни. Од руски гранатирања предизвикан е пожар во национален парк. Киев тврди, Москва се подготвува за нова офанзива, распоредува околу 300 илјади војници на границата со Украина. Победата на Русија би ја ставила ЕУ во голема опасност, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел на Вториот Шуманов безбедносен и одбранбен форум.