Советот за оценка на обвинител акт, постапувајќи по дополнителното обвинение со КО 2317/25 поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решени со кое во целост го одобри актот.
Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица „РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“.
Според тоа, кривичен го прифати обвинението за Александар Нацев, реалниот сопственик на обвинетото правно лице „Рубикон“, компанијата која го обезбедувала објектот на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани каде во пожар загинаа 63 луѓе, а 210 беа повредени.
Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет со К.бр. 1970/25 кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување.
Како што тогаш соопшти Основното јавно обвинителство, Нацев се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.