Одреден датум, Србите добија нов празник

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Во иднина, Србија и Република Српска ќе слават заеднички празник – 15 септември, кој ќе се одбележува како Ден на српското единство, слобода и национално знаме.

Тоа го соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Донесовме одлука која ќе ја спроведеме на дело. Исто така, се договоривме кој датум да го предложиме на другите наши органи, тоа би бил 15 септември, денот кога бил пробиен Солунскиот фронт“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција по состанокот на државниот врв со политичките претставници на РС.