Одреден датум за сослушувањето на Мегваер за случајот во Грција

од Vladimir Zorba

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе добие можност да поднесе жалба на условната казна од 21 месец и 10 дена затвор, изречена пред една година. Станува збор за инцидентот на грчкиот остров Миконос во август 2020 година, кога фудбалерот, неговиот брат Џо и нивен пријател се степале со Албанци. После тоа, според полицијата, Мегваер налетал и на службениците на редот.

Локалниот суд го закажа сослушувањето на англискиот интернационалец по предметната жалба за 7 јуни 2023 година

Мегваер беше прогласен за виновен за напад со намера да предизвика телесни повреди, давање отпор при апсење и повеќекратни обиди за поткупување службеници.

Алексис Анагностакис, адвокатот на фудбалерот, пред судот ја кажа верзијата дека двајца мажи со албанско потекло ја нападнале сестрата на Мегваер, вбризгувајќи и наркотична супстанца, поради што таа веднаш изгубила свест.

Дефанзивецот на Јунајтед и неговите пријатели се обиделе да ја однесат девоката во болница, но наместо тоа, завршиле во полициска станица.
Анагностакис тврди дека таму службеник за спроведување на законот го удрил Мегваер во ногата и му рекол дека неговата кариера е завршена.

Сепак, тројца полицајци сведочеа дека Хари ги нападнал додека се обидувале да го уапсат, па дури и службениците на редот морале да добијат прва помош за повредите.

Слични содржини